За Здружението
Здружението на инвалиди на трудот и корисници на инвалидска пензија од општина Гази Баба е единствено , доброволно, социјално и хуманитарно Здружение со својство на правно лице. Статусот на правно лице го стекнува со уписот во регистарот на Централниот регистар на Република Македонија.
Здружението е самостојно во организирањето и остварувањето во своите цели и активности утврдени во согласност со Статутот и Законот.
Здружението организира и спроведува широка и разновидна општествено – хуманитарна дејност, како и ја координира активноста на сите фактори кои учествуваат во решавањето на проблемите на инвалидите на трудот и кориснигите на инвалидска пензија…
ПРОГРАМА И ИЗВЕШТАИ
Работењето на здружението е засновано на Програма која се донесува на почетокот на секоја година и за истата се поднесува Годишен извштај за работењето како и завршна финансиска сметка.
Годишна програма
Активностите и работата на Здружението на инвалиди на трудот и корисници на инвалидска пензија во општина Гази Баба – Скопје се утврдуваат со Годишната Програма усвоена од Собранието на Здружението
Годишен извештај за работа
Годишниот извештај за работа на избраните органи и тела на Здружението има за цел разгледување и усвојување на сите одлуки донесени за работа на Здружението, како на организационен план исто така и на материјално –финансиско работење на Здружението преку избраните органи за тековната година
Финансиски извештаи
Финансискиот извештај е изваштај за финансиското-материјално работење на Здружението изработен од овластен Сметководител согласното позитивните законски норми.
