За Нас
Правен Статус
Здружението на инвалиди на трудот и корисници на инвалидска пензија од општина Гази Баба е единствено , доброволно, социјално и хуманитарно Здружение со својство на правно лице. Статусот на правно лице го стекнува со уписот во регистарот на Централниот регистар на Република Македонија.
Цели на Здружението:
- Здружението е самостојно во организирањето и остварувањето во свите цели и активности утврдени во согласност со Статутот и Законот. Здружението организира и спроведува широка и разновидна општествено – хуманитарна дејност, како и ја координира активноста на сите фактори кои учествуваат во решавањето на проблемите на инвалидите на трудот и кориснигите на инвалидска пензија.
- Ја координира и насочува на секциите при месните организации и општините.Вложува посебни напори и се грижи за подобрување на материјалната положба и давање на помош на тешко болни инвалиди и нивните семејства.
Покренува иницијатива за културно забавна и спортска рекреативна активност за одмори и климатско бањско лекување.
Организира соработка со други Здруженија, и учествува во работата на Сојузот на инвалиди на трудот и корисници на инвалидска пензија и други цели кои се од интерес а во согласност со Уставот и Законот.
Начин на зачленување и престанок на членство:
Секој инвалид на трудот и корисник на инвалидска пензија, слободно и доброволно одлучува за зачленување во Здужението со потпишување на пристапна изјава, каде се запишува во регистарот на членство, под реден број, се отвара матичен картон и му се издава членска книшка. Секој член потпишува изјава во фондот ПИОМ, каде се согласува фондот да му одбива од пензијата пари за солидарен фонд и членарина која преку Сојузот на пензионери на РМ се уплатува на жиро сметка на Здружението.
Престанко настанува ако доброволно истапи од членство со писмено барање за што добива заверена исписница, во случај на смрт, со иселување и со исклучување, односно бришење од регистарот на Здружението – доколку не ги почитува основните начела на Здружението.
Вкупната бројка на членови во Здружението моментално изнесува 1.700.
Права и обврски на членовите:
Здружението на Инвалиди на трудот и корисници на инвалидска пензија дејствува на територијата што ја што ја покриваат општините: Гази Баба, Илинден, Петровец и Арачиново утврдени со рамковните граници и населени места, преку организирање на секции на Здружението, кои не се правни лица, а се основе конститутивен елемент на Здружението. Членовите на Здружението имаат право да управуваат со Здружението преку избраните претставници од секциите, бидејки имаат право да избираат и да бидат избрани во органите и телата на Здружението на седници на собир на делегати на Собранието на Здружението на изборните состаноци и тоа од секциите на Здружението:Железара, Автокоманда, Ченто, Маџари, Стајковци, Гоце Делчев, Илинден Петровец и Коњари, кои се одржуваат на четири години.
Средства за работа на Здружението
За остварување на целите и задачите на Здружението се обезбедуваат средства од : членарина, донации и од камата на орочени средства, приходи од буџетот на Министерството за труд и социјала и други приходи во согласност со Статутот и Законот.
Распределбата на средства што се стекнуваат – остваруваат се врши со финансиски план на приходи и расходи кои ги донесува Собранието најкасно до 31.12. за тековната година, корекција на финансискиот план за приходи и расходи се врши по утврдување на завршната сметка за претходната година.
Здружението изготвува годишен финансов извештај кој го усвојува Собранието, а се доставува заради информација до членството и државните органи за финансиското работење.
